
Откако премиерот Христијан Мицкоски предвреме и јавно отпиша одредени кандидати за нов државен јавен обвинител, Платформата против корупција упати сериозно предупредување дека ваквото политичко мешање целосно ја уништува довербата во правосудството.
Реакцијата на граѓанскиот сектор доаѓа во момент кога линијата меѓу институциите и политиката станува сè потенка. Од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата децидно порачуваат дека предвременото елиминирање на кандидати, додека Владата сè уште формално не одлучила, претставува директно политичко влијание кое ја нарушува гаранцијата за еднаков третман.
Изборот не смее да биде партиска пресметка
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Невладините организации предупредуваат дека изборот на првиот човек на Обвинителството не смее да се претвори во арена за лични или партиски пресметки. Според нив, штом предметот влезе во владина фаза, целосната одговорност за кредибилитетот на процесот паѓа врз извршната власт.
„Конечната одлука мора да биде јавно, детално и аргументирано образложена според однапред утврдени и мерливи критериуми. Секое отстапување од принципите на професионалност и транспарентност е сериозен удар врз борбата против организираниот криминал“, алармираат од Платформата.
Законот е јасен: Собранието го има последниот збор
Според законската процедура, Владата ги доставува пристигнатите кандидатури до Советот на јавни обвинители. Овој Совет има рок од 15 дена да даде позитивно или негативно мислење за секој кандидат.
Доколку ниту еден кандидат не добие позитивно мислење, Владата е со врзани раце и мора да распише нов повик. За конечен избор на предложениот кандидат во Собранието, неопходно е мнозинство од најмалку 61 глас од пратениците.


