
Предупредување и барање за нов пат
Во изјава за медиумите, американскиот државен секретар Марко Рубио истакна дека Вашингтон се надева оти Куба ќе избере „различен пат“ и дека лидерите во Хавана мора реално да согледаат со какви предизвици се соочуваат.
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден
Според Рубио, дел од кубанските функционери сè уште веруваат дека можат да го избегнат притисокот и да го дочекаат крајот на мандатот на претседателот Доналд Трамп без да преземат никакви внатрешни промени. „Тие грешат и ќе ја научат лекцијата на тешкиот начин ако не се поправат“, дециден беше тој.
Економски притисок и дипломатски ставови
САД претходно воведоа строго ембарго за нафта врз Хавана, што дополнително ја влоши сериозната криза на островот, каде што граѓаните веќе се соочуваат со екстремен недостиг на гориво и чести прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Од друга страна, кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно Родригез, пред Генералното собрание на ОН потсети дека Куба останува отворена за дијалог со САД, додека претседателот Доналд Трамп изјави дека очекува двете земји на крајот да постигнат договор, отфрлајќи ја потребата од воена интервенција.
Во меѓувреме, коментирајќи го неодамнешниот сомнителен бомбашки заговор во британската воена база РАФ Ферфорд, Рубио нагласи дека во инцидентот „очигледно“ е вклучен странски актер, иако сè уште не се презентирани конкретни докази за овие тврдења.


