во , ,

Отишле Мујо и Фата на сточен саем…

Реклама

Отишле Мујо и Фата на сточен саем. На еден штанд презентаторот го претставува бикот и вели:

Овој бик може да се спарува со крава еднаш дневно.

Коментира Фата:

Аха! Дали го слушаш ти ова, Мујо?

Мујо молчи. На друг штанд за бикот велат:

Овој бик може да се спарува со крава еднаш секој час.

Коментира Фата:

Аха! Дали слушаш, Мујо, што биковите прават?

Мујо молчи. На третиот штанд, велат:

Овој бик може да се спарува со крава три пати во текот на еден час!

Коментира Фата:

Аха! Дали го слушаш ова, Мујо?

Мујо, заинтригиран, па прашува:

А извинете, ве молам, дали сите тие бикови тоа секогаш го прават со истата крава? Презентаторот, згрозен со ова наивно прашање, одговара:


Таман работа! Тоа секогаш се прави со друга крава.

Задоволен од одговорот, се свртува Мујо кон својата Фата и вели:

Аха! Дали слушаш, Фато?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Се вози Хасо со новиот велосипед. Го сретнува Мујо и зачудено го прашува…

20+ Приказни кои се свеж воздух за секој што е уморен од лоши вести