во ,

„Отров“ во магацините: АХВ уништи 37 ТОНИ храна со рок истечен пред ДВЕ ГОДИНИ!

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изминатата недела при вонредна контрола кај еден оператор со храна, заплениле и уништиле приближно 37 тони храна.

Како што соопшти денеска Агенцијата, биле запленети и уништени јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи и разни зачини. Причината за огромната заплена е што производите биле без декларации, а рокот на употреба им бил истечен од пред една до дури две години.

Повеќе од само еден прекршок – казни и за други маркети и ресторани

За сторениот прекршок, на операторот му е изречена мерка привремена забрана за работа и парична казна. АХВ информира дека во изминатата недела биле спроведени вонредни контроли и кај други оператори со храна – месарници, ресторани, сендвичарници и маркети.

Поради утврдени недоследности – како нерегистрирани оператори, неспроведени задолжителни обуки на вработените за безбедност на храната и пуштање во промет на небезбедна храна – операторите и нивните одговорни лица се казнети парично и им се изречени привремени забрани за вршење дејност. Затекнатата небезбедна храна била веднаш уништена.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Супорт Кочани“ ги подели парите: 137 лица добија по 71.900 денари

Медицинска сестра со плата од 8.500 евра: Огласите што го „запалија“ Балканот