во

ПАНИКА ВО СРЕДЕ НОЌ: Силно тресење во Јапонија, луѓе се повредуваа бегајќи од креветите!

Силниот земјотрес со магнитуда од 5,9 го разбуди источниот дел на Јапонија во 2 часот по полноќ. Десетици граѓани се повредени во хаосот и паниката кои го зафатија поширокото подрачје на Токио.

Хаос во темница и десетици повредени

Најмалку 37 лица побарале медицинска помош по силниот ноќен потрес. Повеќето повреди настанале од паѓање и удирање во мебел додека граѓаните во паника станувале од креветите. Најмногу настрадани има во Токио, вкупно 15 лица, а останатите се од околните префектури.

Супер Попуст -25%

Епицентарот бил регистриран во јужниот дел на Ибараки, на длабочина од околу 70 километри. За среќа, јапонските власти веднаш потврдија дека не постои опасност од разорно цунами. Американскиот геолошки институт (USGS) измери магнитуда од 5,8 степени.

Пукнати цевки и страв од нови потреси

Земјотресот предизвика доцнења на локалните железнички линии и возовите кон аеродромот Нарита. Во источниот дел на Токио пукнала подземна водоводна цевка и водата се излеала низ улиците, но дефектот е брзо саниран. Брзите возови Шинкансен, сепак, продолжиле да сообраќаат без никаков прекин.

„Јапонската метеоролошка агенција ги повикува жителите да бидат крајно внимателни. Постои сериозна можност за нов умерен земјотрес во текот на следната недела.“

Владата веднаш формираше кризен штаб за следење на состојбата и процена на штетите. Нуклеарната регулаторна управа смирува дека нема апсолутно никакви неправилности во работата на нуклеарните централи. Ова е втор поголем земјотрес откако минатиот месец разорен потрес во Кумамото однесе 38 човечки животи.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Директор на супермаркет под истрага по масакрот во Криви Рих!

ПУТИН СЕ ЗАКАНУВА: Москва отвора „Пандорина кутија“ по бруталните украински удари!