во , ,

Парите му паднале од небо: Метеоритот кој паднал на неговата куќа го продал за милион и пол долари

Индонезиецот Џошуа Хутагалунг станал милионер откако метеорит вреден речиси два милиони долари му паднал на куќата, го пробил кровот и се закопал во земјата.

33-годишниот столар во август во дворот на својот дом на Суматра правел сандак, кога вселенскиот камен паднал на неговиот дом и го пробил кровот.

“Беше многу гласно, а делови од куќата се тресеа. Кога отидов да погледнам што се случува, забележав дека дел од кровот е пробиен”, се потсетува Хутагалунг.

Реклама

Набрзо го пронашол и виновникот – 1,8 килограми тежок метеорит се забил 15-тина центиметри во земја.

Кога на интернет се прочуло за настанот, експертот за метеорити Џаред Колинс, кој живее на Бали, отишол кај Џошуа за да купи каменот.

Било откриено дека метеоритот е стар 4,5 милијарди години и дека неговата вредност е повеќе од доволна за да се замени кровот на куќата.

Многу реткиот тип на метеорит бил проценет на повеќе од 850 долари по грам.

“Отидов кај него со сите пари што успеав да ги соберам. Џошуа е паметен преговарач”, вели Колинс.

Медиумите пренесуваат дека индонезискиот столар добил околу 1,5 милиони долари за метеоритот – колку што за 30 години би заработил.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 Ситуации во кои природата ги земала работите во свои раце и креирала нешто магично

11 Грешки во облекувањето поради кои делувате како да немате вкус