во ,

Патувам со вечернио воз за Белград у купе со спална, а сам…

Патувам со вечернио воз за Белград у купе со спална, а сам. Досадно ми па излезнах у ходнико да разгледам.

До соседнио прозорец стои преубава девојка, косата и се вее од ветрето… погледна ме и ми се насмеа.


Вика и ти ли си сам ? Да викам.

– Сакаш ли да играме ку-ку у твојто купе… може одговарам како од топ, а поима неам како се игра. Вика ми затвори ги очите и до дека не кажам ку-ку не ги отварај.

Затварам очите и по некое веме… ку-куу… погледнувам, она чисто гола та погола не може да биде. На мене очите ококорени како петбанки.

Ај са вика јас ке затворам очите ти напрај го истото и кажи кога да ги отворам. Јас оште некоја секунда зјапам дур си дојдех при себе и за минутка соблечех се од мене и викам ку-куу.

Погледнува она и со подигнана веѓа вика машала. Вика ми ај сега ти па затвори очите, а јас ке ти се приближам ама не отварај очите дур не ти кажам.

Јас радосен како мало дете мижам и чекам дури и усните ги подотворих… чекам, чекам… ни целувка ни ку-ку. Баагичка почеках и викам ама оти не кажеш нешто?… па нема одговор.

Отварам очите нема ја ни неа ни мојте руби, ни мојо новчаник. Шо да правам возо веке стигна… засуках се у чаршав од кревето и излевам на станицата, коа там оште трујца засукани у чаршав… питат ме:

– И ти ли игра ку-куу?!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маж и жена биле поканети на маскенбал. Малку пред да кренат жената вели дека и е многу лошо…

Што мислиш дека правиш? – прашува налутено жена му…