Реклама
Педесетгодишна жена добила срцев удар, и во критичниот момент и се јавува Господ.
Таа го прашала: Готова ли сум, ќе умрам ли?
Не, и рекол Господ, ќе живееш уште 35 години.
Откако оздравела не излегла од болница туку одлучила да остане и си направи пластични операции на лицето, отстранување на масни наслаги од бутовите, стомакот, нови заби, па дури и косата ја офарбала во друга боја.
Кога излегла од болница ја згазил камион и починала.
Оди пред господ и го прашала: Аман бре Господи, зошто ме излажа и ми кажа дека ќе живеам уште 35 години, а еве си умрев?!
Извини, рекол Господ, не те препознав!