во

ПЕКОЛЕН КРАЈ НА АВГУСТ: Сончево и топло со температури до 38 степени и локални попладневни грмежи!

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, додека во попладневните часови на некои места се очекува нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Според информациите од УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринските температури ќе се движат во интервал од 14 до 22 степени, додека максималните дневни вредности насекаде ќе бидат високи и ќе достигнуваат од 30 до 38 степени.

Состојба во Скопје и прогноза за новата седмица

Супер Попуст -25%

Во главниот град денеска се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура во Скопје ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени, додека во новата работна седмица продолжува претежно стабилното време со услови за поизразена попладневна нестабилност во среда и четврток.

„УХМР најавува дека стабилното и топло време ќе се задржи во поголем дел од седмицата, со решени услови за локални врнежи во попладневните часови.“

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ДРАМАТИЧНА АКЦИЈА НА СРПСКАТА ПОЛИЦИЈА: Уапсени тројца киднапери кои држеле пет странци и барале 30.000 евра откуп!

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 31 АВГУСТ: Близнаци – една личност има скриени намери, за Девиците на работа и хаос и успех