
Според информациите од УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринските температури ќе се движат во интервал од 14 до 22 степени, додека максималните дневни вредности насекаде ќе бидат високи и ќе достигнуваат од 30 до 38 степени.
Состојба во Скопје и прогноза за новата седмица
-
La Linea v6
699 ден
524.25 ден
Во главниот град денеска се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура во Скопје ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени, додека во новата работна седмица продолжува претежно стабилното време со услови за поизразена попладневна нестабилност во среда и четврток.
„УХМР најавува дека стабилното и топло време ќе се задржи во поголем дел од седмицата, со решени услови за локални врнежи во попладневните часови.“


