во

ПЕКОЛНИ ДЕНОВИ ДО 39 СТЕПЕНИ: Сончево и топло време, а попладне следува локална нестабилност со грмежи!

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, додека во попладневните часови се очекува развој на изолирана нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер.

Според информациите од УХМР, утринските температури ќе се движат во интервал од 15 до 24 степени, додека максималните дневни вредности насекаде ќе бидат високи и ќе достигнуваат од 32 до 39 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со умерена облачност, слаб до умерен ветер и максимална температура која исто така ќе се искачи до високи 39 степени.

Најава за невреме за време на викендот

Супер Попуст -25%

Метеоролозите најавуваат слични атмосферски услови и за претстојниот викенд. Иако претпладне ќе биде стабилно и сончево, попладневните часови ширум земјата ќе донесат локална нестабилност. Се очекуваат поројни дождови, грмежи и засилен ветер, а локално процесите можат да бидат во форма на невреме проследено со силен ветер и услови за појава на град.

„Граѓаните се советуваат на зголемена претпазливост за време на попладневните прснувања и најавените локални невремиња во текот на викендот.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК: Верниците ширум земјата го слават Успението на Пресвета Богородица – Голема Богородица!

Грчката фасолада го менува погледот кон грав: Густ ручек без брашно и тешка запршка