во ,

Пекол во Тирана: Голем пожар го голта градот, повикана е Армијата на помош!

ДРАМА ВО ТИРАНА: Избувна пожар од застрашувачки размери – повикана е Армијата, гори складиште со текстил!

Ноќта во Тирана е осветлена од огромен пожар кој избувна во населбата „5 Maji“. Според албанските медиуми, стихијата е толку силна што локалните пожарникари не можат сами да се справат, па на помош итаат екипи од целиот регион, па дури и Армијата.

Текстилот го разгорува пеколот

Супер Попуст -25%

Огнот зафатил објекти полни со лесно запаливи текстилни материјали, што го прави гаснењето исклучително тешко и опасно.

На терен се повикани засилувања од Елбасан и Вора, а побарана е и итна интервенција на војската.

Од поплави во оган

Ситуацијата е дотолку подраматична што кон Тирана се пренасочени и пожарникарите од Драч, кои до пред малку се бореа со поплавите во нивниот град. Сите расположливи сили сега се концентрирани во главниот град.

Засега нема информации за повредени лица, но материјалната штета е огромна.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Иран во пламен: Демонстрантите ја запалија статуата на Сулејмани, се бара смрт за Хамнеи!

Трамп до иранскиот режим: „Ќе платите пеколна цена ако продолжите да го убивате народот“