во ,

Пеце и Стојна се венчале и се вселиле во нов стан…

Реклама

Пеце и Стојна се венчале и се вселиле во нов стан. Како сите млади уживале во првите месеци од бракот. Секоја вечер се слушале врискања и стенкања од станот. Едно утро комшијата го застанува Пеце и му вика:

– Комшија, сите знаеме дека сте пресно земени и се „сакате“. Ама секоја вечер цела зграда ечи од Вас и сите Ве слушаат. Дај, те молам… ако можи, Стојна помалку нека вика.

– Е како бе, комшија? Што да и направам за да не вика? – прашал Пеце.

– Па стави и крпа. Или затни и ја со рака, устата.

Следната вечер Пеце и ставил крпа во устата и почнале да се „онадат“ и туку Пеце викнал:

– Комшијаааа, добро е вакааа?

– Доброооо е Пецее! Добро е…. – одговорил комшијата.

Следната вечер пак исто. Се „онадат“ со Стојна, таа крпата в уста. Пеце му довикнал пак на комшијата:

– Комшијаааа. Океј е, сегааа?

– Да! Да, Пеце… Океј е!

Третата вечер исто.

– Комшијааа, вака добро еее?!

Штама… Не враќа комшијата. Пак Пеце, вика:


– Комшија кажувај добро е?!

Туку комшијата одеднаш:

– ПЕЦЕЕЕЕЕЕЕЕ! Извади и ја крпата на Стојна од устата. Цела зграда мисли дека мене ме онадиш!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Цветко го прашува Трпе…

На Олимпијада во пливање на 100 метри, публиката си ги бодри своите…