
Според првичните информации, огнената стихија предизвикала голема паника меѓу гостите, а најтешко настрадале шестмина. Петмина од повредените итно биле пренесени на лекување во Тирана, додека еден од нив се наоѓа во критична состојба.
Хоспитализирани во клиниките во Тирана
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Според официјалните податоци од албанското Министерство за здравство, тројца пациенти се примени во Универзитетската клиничка болница „Мајка Тереза“ во престолнината.
„Еден од пациентите е во сериозна состојба поради висок процент на изгореници на телото. За него е потребно континуирано медицинско следење и специјализирана нега,“ соопштуваат надлежните здравствени власти.
Останатите двајца повредени во овој несреќен настан се лекуваат во Универзитетската болница за трауматологија. Медицинските установи информираа дека здравствената состојба на сите повредени внимателно се следи и дека во моментов им се обезбедува целата неопходна медицинска помош за нивно закрепнување.


