Министерот за здравство Арбен Таравари денеска соопшти дека две странски држави се понудиле да обезбедат поспецијализирана и подолготрајна терапија за пациентите кои се лекуваат од повредите здобиени во пожарот во Кочани.

Тој истакна дека оваа понуда ќе биде од голема помош за пациентите кои ќе имаат потреба од поинтензивна рехабилитација.
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Таравари информираше дека главни центри за рехабилитација во земјата ќе бидат Ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ и Институтот за рехабилитација и физикална медицина во Козле. Тој изрази надеж дека бројот на пациенти на кои ќе им треба долготрајна рехабилитација ќе биде мал.
Министерот додаде дека во случај да има многу тешки случаи, постои можност тие да бидат испратени на лекување во странство, без трошоците да паднат на товар на Фондот за здравствено осигурување или Министерството за здравство.
Претходно денеска, Министерството за здравство објави дека во земјата пристигнале тимови од странство со богато искуство во рехабилитација на пациенти со изгореници. Овие тимови во моментов вршат евалуација на просторните услови и медицинската опрема во неколку центри за рехабилитација.
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден








