
Дваесетминутен состанок на маргините на ОН
Средбата се одржа во просторијата за состаноци на руската делегација на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации. Разговорот траеше нешто повеќе од 20 минути и заврши со куси ракување меѓу двајцата министри, но според првичните изјави, дијалогот не донесе никакво приближување на позициите.
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, по средбата оцени дека разговорот со Вадефул бил „непотребен“ и оти не забележал никаков напредок. Тој посочи дека германската страна го побарала состанокот во последен момент со очекување Москва да направи отстапки околу Украина и пловидбата во Црното Море, додавајќи дека не слушнал ништо поинакво од секојдневната реторика на Берлин.
Длабоки несогласувања и германско предупредување за дроновите
Од друга страна, германскиот шеф на дипломатијата потврди дека станувало збор за исклучително интензивен разговор во кој разликите околу клучните безбедносни прашања останале непремостливи.
„Тоа беше интензивен разговор. Секако, не се согласивме за клучните прашања. Предложив деескалација, особено во однос на ситуацијата во Украина, но не наидов на уво што сака да слуша“, изјави Вадефул за германската телевизија ЗДФ.
Вадефул искористил приликата отворено да му предочи на Лавров дека Германија нема да толерира провокации и безбедносни закани на своја територија, посочувајќи го неодамнешниот инцидент со неексплодираниот дрон пронајден на аеродромот во Лајпциг.
„Можеме да се браниме и ќе го направиме тоа“, порача децидно германскиот министер, испраќајќи сигнал дека ваквите дејствија претставуваат недозволива ескалација. Берлин официјално ја смета Москва за одговорна за овој настан, додека руските власти ги отфрлаат ваквите тврдења.
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден








