во

Форензичар со шокантно тврдење: Џефри Епстин не се самоубил, туку бил задавен од зад грб во ќелијата!

Контроверзниот милијардер Џефри Епстин не се самоубил во затворската ќелија во Њујорк, туку најверојатно бил убиен, тврди истакнатиот форензички експерт Мајкл Фримен по едногодишна детална анализа на фотографии и документи од обдукцијата.

Трагите на вратот укажуваат на давење од зад грб

Фримен, кој цела година темелно го проучувал досието од извршената обдукција, своите шокантни наоди ги претстави пред правната организација „Middle Temple“ во Лондон. Тој посочува дека трагата на вратот на Епстин не била мазна и рамномерна линија која се издига кон една точка, како што е вообичаено во типичен случај на бесење.

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Напротив, трагата била длабока, неправилна и се разгранувала на едната страна. Форензичарот, кој е специјализиран за проучување на пристрасност и грешки при истраги за смртни случаи, децидно укажува дека трагите на вратот, гребаниците и крварењето од мускулот на рамото многу повеќе прилегаат на насилно давење од зад грб, отколку на чин на самоубиство.

Истражни пропусти и одбиени објави во научни списанија

Експертот открива дека се обидувал своите наоди да ги објави во реномирани научни списанија, но сите по ред го одбиле. Фримен нагласи дека нема претстава кој би можел да го изврши убиството, ниту пак тоа го интересира, бидејќи неговиот фокус е исклучиво на фрапантните пропусти во официјалната истрага за смртта и во самиот извештај од обдукцијата.

Од друга страна, Канцеларијата на судскиот лекар во Њујорк, која официјално ја изврши обдукцијата на милијардерот, оваа недела излезе со кусо соопштение во кое наведува дека цврсто „останува при својот заклучок“ оти Џефри Епстин извршил самоубиство.

„Трагите на вратот, гребаниците и крварењето од мускулот на рамото на Епстин повеќе прилегаат на давење од зад грб отколку на бесење“, тврди форензичарот Мајкл Фримен анализирајќи ги пропустите.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Драма на небото: Јапонија и Јужна Кореја итно кренаа ловци откако руски авиони им упаднаа во територијата!

Шпионски трилер кој го тресе технолошкиот свет: Откриени тајните врски меѓу екс-шефот на „Nvidia“ и кинеската агентка!