во , ,

„Порцелански“ патики на adidas кои се очекува да се продадат за 1 милион долари

Спортскиот бренд adidas се здружи со реномираниот производител на порцелан Meissen и заедно создадоа порцелански патики кои се очекува да се продадат на аукција за милион долари.

Реклама

Ако се достигне очекуваната цена, тоа ќе биде нов рекорд за продажна цена на патики. Претходниот рекорд беше поставен во август, кога патики на Nike носени од Мајкл Џордан беа продадени за 615 илјади долари.

Кожните спортски обувки се рачно обоени од Meissen и покриени со порцелан. Уникатните патики се тешки точно 950 грама, а биле изработувани цели шест месеци во Германија.

Онлајн аукцијата на Sotheby’s, на која ќе се продаваат патиките „ZX8000 Porcelain“, ќе се одржи од 7 до 16 декември. Средствата од продажбата ќе бидат наменети за музејот „Бруклин“.

Meissen е најстариот производител на порцелан во Европа и постои од 1710 година.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 Забавни илустрации во кои ќе се пронајдат многу девојки

Како од бајките – Нереално убавото место Котсволдс во Англија