во ,

„ПОСЛЕДНОТО ЗАТВОРАЊЕ НА ВРАТАТА“: Таткото на Надица од „Пулс“ објави видео од нејзиното заминување (ВИДЕО)

Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео од нејзиното последно заминување од дома — момент кој, како што напиша, засекогаш му го променил животот.

Таткото ја проследи снимката со потресна порака, опишувајќи го моментот како „последното затворање на вратата“.

„Тоа беше обично затворање на врата… Но за мене – тоа беше последниот здив на мојот свет. Моето дете, мојата Надица, ја затвори вратата со насмевка, а јас не знаев дека зад неа ќе остане нејзиниот живот, заробен во пламен, во неправда, во тишина што нема крај“, напиша тој.

Последното затворање на вратата

„Наместо внуци, ја чекам во соништата – таму каде што не гори“

Во емотивната објава, Наунов ја опишува болката со која живее по трагедијата.

„Наместо да ја чекам со внуци во прегратка, јас ја чекам во соништата – таму каде што не гори. Наместо нејзиниот глас, слушам ехо од болка, наместо чекори по ходникот – тишина што ме гуши… И додека светот заборава, јас ќе живеам за да те паметам“, напиша Наунов.

Потресната порака е придружена со видеоснимка направена неколку часа пред трагедијата, на која се гледа неговата ќерка како заминува од домот со насмевка.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Медицинска сестра со плата од 8.500 евра: Огласите што го „запалија“ Балканот

Хорор во Париз: Аријана Гранде за влакно избегна несреќа, телохранителите ја спасија! (ВИДЕО)