По судирот, два автомобили целосно уништени. Од едниот излегува жив и здрав, маркантен, згоден маж, а од другиот излегува непроменета, убава, згодна жена.
Мажот ѝ приоѓа со шише вино кое, за среќа, не се скршило и вели:
– Ова е Божја волја и наша среќа. Мораме да се запознаеме и да наздравиме за нашето идно пријателство.
Жената го погледнува, мислејќи си колку е убав, и го зема шишето и наздравува. Потоа му го подава виното на мажот да наздрави и тој го зема шишето и го затвора.
Жената го прашува:
– Зарем ти нема да наздравиш?
Мажот одговара:
– Не, ќе ја почекам полицијата.