
Светот на шоу-бизнисот беше изненаден кога се појави веста дека 44-годишната Жизел Бундхен, бразилската манекенска ѕвезда, е бремена. Ова е прво појавување на Жизел по оваа објава, видена во Мајами како оди на тренинг, при што стомакот се обидувала да го сокрие од погледите на папараците.
-
Петок
699 ден
524.25 ден

Жизел ги информирала своите деца, Вивиен (11) и Бенџамин (14), кои наводно го обожаваат нејзиниот нов партнер, инструкторот за џиу-џицу, Хоаким Валенте. Жизел и Валенте се поврзани од 2022 година, а парот често бил виден заедно во Костарика, што ги поттикна шпекулациите за нивната врска, која јавноста подоцна ја потврди.
Кој е Хоаким Валенте?
Хоаким е познат војнички инструктор за џиу-џицу, кој пораснал во Бразил и завршил студии по криминологија во Америка. Валенте од 2007 година живее и работи во Мајами, каде што заедно со брат му го водат училишето „Валенте брадерс“.
Враќање во ново поглавје
И покрај разделбата од Том Брејди по 13 години брак, Жизел го поддржува нејзиниот поранешен сопруг и останува посветена мајка на нивните деца. За многумина, оваа бременост е симбол на нејзината сила и независност, иако на социјалните мрежи има и негативни коментари.
Како една од најуспешните манекенки во светот, Жизел останува активна на модната сцена, пркосејќи на годините и предизвиците, сè уште пленејќи со нејзината природна харизма.


