во ,

Прво огласување на Трамп по историскиот договор со Украина: Го спомена и Зеленски – дали се наѕира крај на војната?!

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по историскиот договор меѓу САД и Украина во Саудиска Арабија, а тој изјави дека претставник на САД денес или утре ќе се сретне со претставници на Русија.

Надеж за договор со русија

Трамп изрази надеж дека Русија ќе го прифати договорот, а претседателот исто така потврди дека ќе го покани Володимир Зеленски да се врати во Белата куќа, додавајќи дека сака да ја заврши војната во Украина.

Заедничко соопштение по состанокот во џеда

Потсетуваме, по состанокот во Џеда, претставници на украинската и американската делегација се огласија со заедничко соопштение, каде што беше објавено дека САД веднаш ќе ја укинат паузата во размената на разузнавачки информации и ќе ја продолжат својата безбедносна помош за Украина.

Важни чекори кон мирот

Двете земји презедоа важни чекори кон обновување на траен мир за Украина за време на денешниот состанок, додаде Стејт департментот, а Украина исто така изрази подготвеност да го прифати предлогот на САД за моментален, привремен прекин на огнот од 30 дена.

Договор за развој на рудни ресурси

Двете земји исто така рекоа дека се согласиле да склучат договор за развој на критичните рудни ресурси на Украина, што претставува значаен чекор во економската соработка меѓу двете земји.

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Срам за франција и спортот: Олимписки шампион силувал дете – погледнете ги деталите од обвинението против Јаник

Часовникот отчукува! Не е прашање дали ќе се случи, туку кога! Доаѓа катастрофа и цунами бран од 30 метри кој ќе избрише цели градови!