во

ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ПРОТЕСТ НА ПРЕВОЗНИЦИТЕ: 20 товарни возила блокираат пред Делегацијата на ЕУ во Скопје!

Транспортерите организирани од асоцијацијата „Макам-транс“ денеска од 12 до 14 часот одржуваат предупредувачки протест со паркирани товарни возила пред Делегацијата на Европската Унија во Скопје, револтирани од проблемите со ограниченото движење на професионалните возачи во Шенген-зоната.

Протестот се одржува во пресрет на состанокот на Работната група во Брисел, од кој превозниците очекуваат конечно решение за нивниот статус и ослободување од стриктното правило 90/180 кое им го оневозможува редовното вршење на работата. Како што истакна генералниот секретар на „Макам-транс“, Биљана Муратовска, Европската Унија во изминатите седум месеци не покажала добра волја за надминување на кризата, поради што се организираат и синхронизирани протести во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Реакции за мерките на државните институции

Супер Попуст -25%

Во врска со претходните изјави од Министерството за транспорт за склучување билатерални договори со земјите членки, од „Макам-транс“ посочуваат дека, освен Хрватска која направи измени во Законот за странци, другите европски држави сè уште немаат преземено видливи чекори за теренско олеснување на рутите. Транспортерите порачуваат дека септември е почеток на активната работна сезона и бараат итно ставање на нивното прашање на дневен ред пред европските претставници.

„После седум месеци сè уште не е надминат проблемот со престојот, а бидејќи септември е почеток на работите, сакаме да испратиме јасна порака до надлежните во ЕУ.“

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

НОВ ДИГИТАЛЕН БУР НА ТРУТ СОШЛ: Доналд Трамp објави лажни AI снимки од уништувањето на иранскиот нафтен остров Харг!

ОСТРА РЕАКЦИЈА ОД МОСКВА: Сергеј Лавров предупредува дека присуството на НАТО на Арктикот е директна закана за Русија!