Разговараат пријатели за суеверие и еден вели:
– Јас верувам во бројот седум.
Го прашуваат другите зошто, а тој одговара:
– Роден сум на 7.7.1977. година, еден ден купив среќка со бројот 7777 и добив седум милиони денари. Веднаш отидов на хиподромот и ги вложив сите седум милиони на коњот број седум.
На тоа сите возбудено викнаа:
– И што, беше прв?
На тоа овој одговора со наведната глава:
– Не, беше седми.