
Тринаесетгодишно момче од Нов Зеланд итно е оперирано откако проголтало 100 магнети купени преку интернет, пренесоа денес локалните медиуми.
Момчето четири дена имало болки во стомакот, по што било примено во болницата Тауранга на Северниот остров на Нов Зеланд, пренесе „New Zealand Medical Journal“.
Лекарите утврдиле дека магнетите се споиле и формирале четири синџири во неговите црева. Хирурзите потоа ги извадиле магнетите и ги отстраниле оштетените делови од цревата на момчето.

Како што навеле лекарите, момчето проголтало меѓу 80 и 100 неодимиумски магнети со голема моќ, со големина 5х2 милиметри, седум дена пред хоспитализацијата. Момчето, чиј идентитет не е наведен, по осум дена било отпуштено од болница.

Повеќе од само играчка – забранет производ
Властите на Нов Зеланд ја забраниле продажбата на мали силни магнети уште во 2013 година, откако владата предупредила дека децата би можеле да добијат сериозни повреди ако ги проголтаат, било од љубопитност или додека си играат со нив.
Како што навел „New Zealand Medical Journal“, спроведувањето на долгогодишната забрана на магнети претставува предизвик, бидејќи тие и понатаму можат лесно да се купат онлајн. Според наводите на весникот, иако овие закони можат да се спроведуваат локално, потешко е да се регулираат производите што ги испорачуваат странски трговци на големите онлајн пазари.
Во извештајот се наведува дека магнетите биле купени преку кинеската онлајн платформа Temu, а од оваа компанија во изјава за NBC News рекле дека сè уште не можат да потврдат дали дотичните магнети се купени преку нивната платформа.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







