во ,

Решиле лисицата, магарето и волкот да отворат фирма…

Решиле лисицата, магарето и волкот да отворат фирма.

Лисицата вели:

– Јас сум лукава, јас ќе одам во општината и ќе ни средам дозвола за час.

Оди лисицата и се враќа за половина час, целата потиштена – не успеала.

Тогаш волкот вели :

– Јас сум опасен и луѓето се плашат од мене, сега јас ќе ја добијам дозволата набрзина.

Кога, ете го волкот по еден час – со подвиткан опаш, ни тој не успеал.

Тогаш магарето вели:

– Ќе одам јас сега.

Се враќа магарето по два часа цел среќен и вика:

– Добивме дозвола, добивме дозвола!

Лисицата и волкот го прашуваат како успеал кога тие не успеале.

А магарето им раскажува:

– Одам јас во општината, чукам на вратата и влегувам, и таму сите мои школски другари…


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мажот дошол дома од работа и ги нашол трите деца надвор во дворот…

Кандидат за пратеник во едно село држи говор и вели…