
Испораки за САД и решавање на домашниот вишок гориво
Рускиот вицепремиер Александар Новак потврди дека во моментов се финализираат комерцијалните услови за извоз. Тој посочи дека Русија месечно троши меѓу 3,5 и 4 милиони тони дизел-гориво, но располага со извозен вишок од дополнителни 3,5 милиони тони кои сега ќе бидат насочени кон американскиот пазар.
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден
„За да спречиме намалување на обемот на преработка во нашите постројки поради недостиг на простор за складирање на вишокот, мораме да извезуваме на светскиот пазар. Благодарение на договорот меѓу Путин и Трамп од 9 октомври, отворена е можноста овој вишок да се испорачува во САД“, појасни Новак.
Европа пред криза: Нема алтернатива за рускиот гас
Додека извозот кон САД се интензивира, Новак предупредува дека Европа не може да го надомести недостигот на гас предизвикан од одбивањето на руските испораки. Ситуацијата е дополнително влошена поради затворањето на Ормускиот Теснец и мартовските напади врз енергетските постројки во Катар. Инаку, Русија во моментов покрива околу 20 проценти од европскиот увоз на течен природен гас (LNG).
Советот на ЕУ веќе усвои регулатива за постепено укинување на рускиот LNG. Забраната за краткорочни договори стапи во сила на 25 април 2026 година, додека целосната забрана за долгорочни договори е предвидена за 1 јануари 2027 година.
„Убедени сме дека во моментов не постои начин да се покрие недостигот. Европските политичари си пукаат во нога ако ги забранат испораките од Русија. Како последица на тоа ќе дојде до огромен дефицит, а потрошувачите во ЕУ ќе ја платат цената на таквата одлука“, дециден е рускиот вицепремиер.


