
Митинзи, поддршка и обвинувања за трагедијата во Нови Сад
Владејачката Српска напредна партија (СНС) одржа голем митинг во Нови Сад, каде поддршка за Александар Вучиќ лично изрази и словачкиот премиер Роберт Фицо. За време на собирот, српскиот претседател ги обвини студентите и антивладините демонстранти дека ја злоупотребуваат трагедијата на железничката станица во Нови Сад (во која загинаа 16 лица) за остварување политички цели и странски интереси.
-
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден
Во меѓувреме, опозицијата и граѓаните на социјалните мрежи ги оспоруваат официјалните проценки на МВР дека на митингот присуствувале над 100.000 луѓе, обвинувајќи дека станува збор за организиран превоз со автобуси низ цела Војводина.
Slovak Prime Minister Robert Fico:
It takes a real leader, a leader with backbone, who knows how to say no in the interests of his own country when others demand that we think and act like them.
That is why I support Aleksandar Vučić.
He does not allow anyone from abroad to… pic.twitter.com/9kPYzx49aX
— Clash Report (@clashreport) October 16, 2026
Студентски маршеви и новинарски егзодус од Н1
Од друга страна, студентите кои веќе две години бараат одговорност за трагедијата, излегуваат на изборите со сопствена листа „Студентите победуваат“. Тие во моментов организираат пешачки маршеви од различни делови на земјата кон Белград, каде за 22 октомври најавуваат голем завршен собир.
Паралелно со политичката битка, се одвива и драма во медиумскиот простор. По преземањето на „Адрија њуз нетворк“ од страна на португалската компанија „Алпак капитал“, назначувањето на нов, провладин уредник на порталот „Нова.рс“ предизвика бура во јавноста. Десет познати новинари и водители ја напуштија телевизијата Н1, одбивајќи да прифатат компромиси со нивните професионални начела.
„Србија во изминатите месеци забележа најголем пад на медиумските слободи во Европа, а со преземањето на овие медиуми се настојува да се стави под контрола и преостанатиот независен простор кој досега не беше под влијание на власта“, предупредуваат од Независното здружение на новинари на Србија и Европската федерација на новинари.

