во

Сончево и пријатно време денеска, температурата до 23 степени

Денеска во Македонија нè очекува пријатно и сончево време со мала до умерена локална облачност и максимални дневни температури кои ќе достигнат до 23 степени Целзиусови.

Сончево низ целата земја и во Скопје

Според прогнозата на метеоролозите, минималната утринска температура низ земјава се движи во интервал од 1 до 9 степени, додека максималната дневна ќе биде од 16 до 23 степени. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој ќе биде нешто поизразен долж Повардарието и во источните делови од државата.

Супер Попуст -25%

Слично време се очекува и во Скопје. Главниот град ќе има сончев ден со мала облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура во Скопје се спушти до 7 степени, а максималната дневна ќе достигне до пријатни 21 степен.

 

Од четврток поројни дождови

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека стабилното време нема да се задржи долго. Во текот на оваа недела постепено ќе преовладува променливо облачно време.

„Позначителна промена се очекува кон крајот на работната недела. Во четврток и во петок се најавуваат врнежи од дожд ширум земјата, кои локално ќе бидат поројни и пообилни“, предупредуваат од УХМР.

 

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Србија пред избори: Вучиќ со поддршка од Фицо, студентите најавуваат голем марш кон Белград

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 19 ОКТОМВРИ: Близнаци внимавајте добро на информациите, Девиците имаат пресврт на работа