во

РУШЕЛЕ СТАРА ЗГРАДА, ПА ПРОНАШЛЕ БЛАГО ВРЕДНО 9 МИЛИОНИ ЕВРА: Полицијата го огради просторот, влезот е строго забранет!

Осумнаесетгодишниот студент Коби и неговите колеги пронашле златници и златни прачки за време на рушење на зграда во Дендермонде, Белгија, а вредноста на пронајденото богатство се проценува на неверојатни девет милиони евра!

Златото веднаш било преземено од надлежните служби и безбедно складирано во трезор, но сè уште не е познато кому тоа правно му припаѓа, ниту пак дали пронаоѓачите ќе добијат некаква награда, пренесува белгискиот портал ВРТ.

Ги известиле сопственикот и полицијата

Супер Попуст -25%

Коби заедно со своите колеги во вторникот работел на рушење на зграда во Синт-Гилис-Дендермонде. За време на земјените работи, додека отстранувале дел од темелите за да постават канализациона цевка, тие здогледале нешто што личело на обични парички.

„На почетокот мислев дека тоа се монети од по едно евро. Но, потоа видовме и грутка злато и веднаш сфативме дека станува збор за нешто многу поголемо и повредно,“ изјавил младиот студент Коби.

Раководителот на градилиштето, Марио, истакнал дека работниците продолжиле да копаат и набрзо пронашле уште многу златници и златни прачки. По неверојатното откритие, раководителот веднаш ги известил сопственикот на зградата и полицијата. Надлежните служби го презеле златото, го попишале и го однеле во високо обезбеден трезор на сојузните државни служби.

„Не верувам дека некогаш ќе се повтори“

Коби признал дека работниците накратко помислиле дека би можеле да го задржат пронајденото злато, но многу брзо се откажале од таа идеја. „После 33 години поминати во градежништвото, ова е првпат да доживеам вакво нешто. Не верувам дека некогаш повторно ќе се случи,“ додал раководителот Марио.

Полицијата во Дендермонде упати итен апел до граѓаните да не доаѓаат на градилиштето, бидејќи таму веќе почнале да се собираат десетици љубопитни луѓе кои слушнале за богатството. Надлежните предупредија дека локацијата е многу опасна, бидејќи зградата целосно се руши, а на теренот се наоѓаат багери и длабоки ископи.

Влезот е строго забранет, а просторот е целосно ограден. Во моментов се води опсежна истрага за да се утврди кому точно му припаѓа златото и зошто воопшто било скриено под темелите на старата зграда.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ГОЛЕМ ВИКЕНД ХОРОСКОП: Овие два дена менуваат многу работи, некои знаци очекуваат големи пресврти!

НЕВЕРОЈАТНА СЦЕНА ОД ЗООЛОШКАТА ВО БУДИМПЕШТА: Врана се давеше, а потоа дојде мечката и ги изненади сите! (ВИДЕО)