во ,

Сакате живот како на филм? Трентино нуди 100.000 евра за да купите и реновирате куќа на Алпите

Италијанскиот сон е можен: Овој регион ви нуди 100.000 евра за да се преселите таму (Има само 2 услови)

Додека Венеција наплаќа влезници за да се спаси од туристи, еден друг преубав дел на Италија очајно бара жители. Регионот Трентино (на северот, познат по Доломитите, ски-патеките и виното) нуди неверојатни 100.000 евра за оние што се подготвени да се преселат и да реновираат стара куќа.

Парите не се за трошење, туку за градба

Супер Попуст -25%

Властите издвоија 10 милиони евра за овој експериментален проект кој опфаќа 33 села. Но, не се радувајте прерано – парите не се „кеш на рака“ за уживање.

Како се делат парите?

  • 20.000 евра може да се искористат за купување на недвижнината.
  • 80.000 евра се наменети исклучиво за реновирање.

Двата клучни услови (Замки)

За да ги добиете парите, мора да исполните строги правила:

1. Десет години верност: Мора да живеете во куќата најмалку 10 години (или да ја издавате по контролирана, ниска цена). Ако си заминете порано, ги враќате парите.

2. Лимит за реновирање: Вкупната вредност на реновирањето не смее да надмине 200.000 евра (што значи дека од свој џеб може да доплатите максимум 120.000 евра).

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Временски пресврт за празниците: Денес југо и 14 степени, од четврток – снежна покривка

Светот во страв: По Мадуро, Трамп се закани на уште 5 држави – еве кој е следен на листата