Аргентина и Чиле ги подели бодовите играјќи 1-1 во мечот од седмото коло од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. „Гаучосите“ беа подобри, создадоа повеќе шанси, ама на крајот мораа да се задоволат со реми.
Головите паднаа во првиот дел, а автори на истите беа Лионел Меси во 23 и Алексис Санчез во 36 минута. Токму овие двајца беа инволвирани во уште една ситуација во која Меси на едноставен начин се ослободи од некогашниот соиграч од Барселона.
-
La Linea v11
699 ден
524.25 ден
Алексис се обиде да го изненади Аргентинецот и да му ја украде топката од зад грб, но Лео се снајде, се ослободи и го испрати фудбалерот на Интер на тревникот.
https://streamable.com/6nta9k


