во ,

Седнале маж и жена во елитен ресторан на вечера…

Реклама

Седнале маж и жена во елитен ресторан на вечера!

По некое време влегува убавица во ресторанот и директно оди кај мажот, седнува во неговото крило:

– Па каде си ти љубов, нема те да се јавиш 7 дена, не се сеќавам кога последен пат дојде, кога ќе се видиме, обавезно ме побарај…

Станува и си оди, а жената го прашува мажот:

– Која е оваа?

Мажот ладно одговара:

– Љубовницата.

Жената шокирана:

– Ѓубре едно, пред мои очи, утре барам развод, оди си во три лепи…

А мажот ѝ вели:

– ОК! Утре добиваш развод, но сфати го следново: кога ќе се разведеш:
нема летувања во Грција, Шпанија, Египет, Хаваи, Кариби, нема зимувања на Алпи, на Златибор, Копаоник…
нема скапи автомобили, скапи јахти, шопинг, скапи фустани, накит, шминка, вечери во скапи ресторани и слично…

Жената замолчува…

По неколку минути, во ресторанот влегува нивниот оженет познаник (Никола), но не со жена му, туку со убавица!

Кога го видела, жената го прашува мажот:

– Која е онаа со Никола?

На што мажот одговара:


– Неговата љубовница!

А жената вели:

– Нашата е поубава!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

По судирот, два автомобили целосно уништени…

Доаѓа еден човек во крчма во некое село, и по многу пива, газдата сакал да му земе уште некоја пара…