Се среќаваат три штрка, па првиот го прашува вториот:
– Каде леташ денес?
Одговара вториот:
– Денес ќе усреќам еден пар кој веќе дванаесет години се обидува да добие дете, и еве, им носам едно момче! А ти?
– Јас летам кај една жена која веќе има два сина, а многу сака ќерка, па ѝ го носам ова мало девојче.
Потоа го прашуваат третиот:
– А ти, кого ќе усреќиш денес?
– Јас? Па, одам во манастир кај чесните сестри, не им носам ништо, но ги исплашувам до смрт!