во

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС НА ТРОМЕЃЕТО: 4,1 степени по Рихтер ја стресе Албанија, потресот ги разбуди и граѓаните во Македонија

Рано утринава, силен земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала го погоди пограничниот регион меѓу Албанија, Македонија и Грција. Иако епицентарот бил лоциран на албанска територија, силниот потрес ги вознемири и разбуди граѓаните ширум целиот регион.

Епицентар кај Националниот парк Преспа

Според официјалните податоци од Сеизмолошкиот институт на Србија и Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), потресот е регистриран точно во 5:40 часот наутро. Епицентарот на земјотресот бил лоциран во близина на Националниот парк Преспа, што е потврдено и од сеизмолошките опсерватории во Тирана, Атина и Солун. За среќа, според првичните теренски информации, не се пријавени материјални штети, ниту пак повредени лица.

Супер Попуст -25%

„Силно и долго тресење“ – сведоштва на граѓаните

Иако помина без последици по инфраструктурата, земјотресот предизвика сериозна паника кај населението. Потресот бил значително почувствуван во Македонија, Грција, Албанија, па дури и во делови од Србија, а веб-страницата на EMSC веднаш беше преплавена со коментари од исплашени граѓани.

„Беше навистина силен, нè разбуди од сон… Се чувствуваше силно и траеше доста долго. Вистински ужас на осмиот кат“, гласат дел од сведоштвата на граѓаните кои во раните утрински часови го почувствувале тресењето на тлото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЖЕСТОКА ДЕБАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Албанка од Македонија во директен дуел со лидерката на АфД, Алис Вајдел

ТРГОВСКА ВОЈНА НА СЕВЕРОТ: Канада удри со контрацарини до 50% врз американски стоки од 20 милијарди долари!