Скопјанец си ја паркира колата покрај една куќа во Охрид, а од прозорецот една бабичка вели: – Синкооо кревет!
– Не фала, имам апартман!
– Ама синкооо, кревет!!!
– Ви кажав, имам апартман!
И така овој си отишол да прошета, и кога се вратил, колата ја нема. Се чуди скопјанецов што се случило, а бабичката од прозорецот му вика:
– Ама синкооо, ти реков кревет… ги кревет со пајакон!!!