во ,

Си биле двајца другари, велешанец и тетовчанец. После извесно време паѓа договор да се сретнат…

Реклама

Си биле двајца другари, велешанец и тетовчанец. После извесно време паѓа договор да се сретнат и кафе да пијат. И така договориле прво тетовчанецот да оди кај велешанецот.

Биднало и тој ден, иде тетовчанецот во Велес кај пријателот, седнуваат и почнуваат муабети да си редат.

Зема велешанецот кафе да вари, и прво зема едно зрно кафе, го врзува со конец и додека врие водата, неколку пати го брцнува во гезвето.

Си пијат така раат кафето, муабетите си течат, иде време тетовчанецот да си оди, и на заминување му вели на велешанецот дека сега него му е редот да му оди на гости.

По некое време велешанецот се стегнал на пат до Тетово да му врати гослуко на тетовчанецот. Седнуваат и си почнуваат со муабетите. Станува тетоецот кафе да вари, зема зрно кафе го врзува со конец и го врти околу гезвето. Го гледа тоа велешанецот и љубопитно го прашува зошто така го врти околу гезвето…

Тетоецов го гледа и му вели, прошлиот пат кога бев кај тебе многу јако ми го направи кафето, и многу ме болеше меот, па затоа сега јас решив малку поретко да го направам…


Супер Попуст: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Жената ме изнервира. Ќе ме тера таа мене да го фрлам ѓубрето, ти се молам !

16 Чевли што е тешко да се поверува дека некој некогаш би ги носел