
Полицајка од Кина предизвика скандал и ја разбесни јавноста откако со мотор „покоси“ три деца за време на парада во градот Сужоу.
Инцидентот се случил на почетокот на ноември, а на видеото кое кружи на интернет се гледа како таа, обидувајќи се да изведе маневар, губи контрола и влета во публиката која ја следела парадата.
Повеќе од само незгода – го спасуваше моторот наместо децата
Çin’deki bir geçit töreni sırasında kontrolü kaybeden polis çocuklara çarptı. Polislerin, çocuklar yerine motora koşması tepki çekti. pic.twitter.com/cGn5PG8QUj
— Aykırı (@aykiricomtr) November 16, 2025
Она што предизвика дополнителен бес е нејзината реакција. Наместо веднаш да итрча да види што е со децата, таа панично барала помош од колегите за да го подигнат паднатиот мотор. Овој потег ги згрози сите присутни.
Полицијата јавно се извини за настанот, истакнувајќи дека децата се медицински згрижени и пуштени на домашно лекување. Соопштено е дека полицајката е „соодветно казнета“, но без да се наведат детали за казната.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







