
Најмалку три лица загинаа, а неколку се водат како исчезнати откако бурата Клаудија го погоди централниот и северниот дел на Европа, предизвикувајќи хаос во Франција и Италија.
Во Франција, десетици пожарникари трагаат по пензионер во департманот Ардеш. Вознемирен од порастот на нивото на реката, тој се обидел да го премести својот автомобил, но буицата ги однела и возилото и него. Во потрагата се вклучени 60 пожарникари, дрон и нуркачи, но шансите за преживување се мали. Во департманот Дром, огромен бран од кал зафатил град од 2.000 жители, каде за два дена паднала количина на дожд колку за два месеци.
Херојска смрт во Италија: Загина додека ја спасуваше сосетката
-
Апсана
699 ден
524.25 ден
Во регионот Фурланија во Италија, свлечиште уништило три згради. Тони земја проголтале 83-годишна жена и 32-годишен маж. Сведоците изјавиле дека мажот загинал херојски, обидувајќи се да ја спаси својата постара сосетка.
Властите прогласија вонредна состојба и ги затворија училиштата. Повеќе од 300 луѓе се евакуирани со чамци или спасени со хеликоптери од покривите на куќите.


