
Новогодишно фијаско во Будва: „Дожд“ од 600 дронови падна врз публиката и во морето
Наместо спектакуларно светлосно шоу на небото, илјадници посетители во Будва на полноќ сведочеа на вистинска катастрофа. Поради техничка грешка, околу 600 дронови одеднаш изгубиле контрола и почнале да паѓаат врз платото пред Капетанијата и во морето. Вистинска среќа е што во овој хаос нема повредени лица, иако областа била преполна со туристи.
Полицијата и обвинителството истражуваат
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден
Будванската полиција веднаш извршила увид и го известила обвинителството во Котор. Се истражува како дошло до ваков масовен технички колапс на скапата опрема која требаше да биде главна атракција на дочекот. Организаторите се соочуваат со огромна материјална штета и потенцијални казни за загрозување на безбедноста.
Новогодишње дроновање, Будва.
"Нешто им се сјебало, изгледа Ђука"🤣
Ко им је ово радио❓ pic.twitter.com/kC0SQgEGT5— Бане Комненов Вујадиновић 🇪🇸 🇷🇸 🇲🇪 (@vojvodakucki) January 1, 2026


