во , ,

Статуа на дното на морето: Мамка за туристи или повеќе од тоа?

Островите Гили во Индонезија се сметаат за некои од најубавите острови на светот, а посебно најмалиот од нив, Гили Мено, кој освен убавината нуди и еко-музеј совршен за љубителите на нуркањето.

Овој остров е како создаден за едноставно уживање. Бунгалови на плажи од бел песок, големи палми, проѕирно чиста вода, интересен морски свет, желки, корали.

Ако помисливте дека има многу места во светот со ваков опис, додаваме уште една занимливост – статуите околу островот Гили Мено.

Ова не се било какви статуи и не се наоѓаат на вообичаено место, каде секој би можел да ги забележи. Тие се наоѓаат на четири метри длабочина и се вистинска нуркачка атракција.

Овој проект се нарекува “Nest”, а го започнало еколошкото летувалиште BASK, а статуите ги изработил британскиот скулптор Џејсон Декајрес Тејлор, кој направил неколку подводни музеи на Канарските острови, во Мексико, Гранада.

Овој подводен музеј не е направен за да биде туристичка атракција и во него се крие длабоко значење. Статуите го претставуваат животот и неговиот постојан тек и 48-те статии со природна големина на свој начин го претставуваат токму тоа на “морски начин”.

Статуите се направени по модел на реални луѓе, а делува како да се во водата долго, а не неколку години. Причина за тоа е начинот на кој се направени. Не се штетни за окружувањето и се направени од неутрални материјали кои нема да го загрозат морскиот свет, туку ќе го привлечат.

Токму тоа е причината поради која статуите делуваат старо. Станале нов дом за корали и желки, кои ги има се помалку поради човечката негрижа, загадувањето и климатските промени, како и прекумерниот риболов.

Освен што статутите ќе станат нов корален гребен и дом за морски животни, создавачите на проектот се надеваат дека оние кои ќе уживаат во овој музеј ќе бидат еколошки освестени и дека и на другите ќе им ја пренесат важноста за грижата кон природата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 фризури со шишки што ќе ги носиме оваа есен

11 Фотографии кои ја прикажуваат борбата со која се соочуваат сите модерни девојки