во

Стотици километри за еден глас: Редици од Чикаго до Париз на српските избори во дијаспората

Голем број српски државјани кои живеат во странство излегоа на гласање на предвремените парламентарни избори во Србија, а пред избирачките места во повеќе градови ширум светот се формираа долги редици.

Долги редици во Чикаго, Вашингтон и Лос Анџелес

Во Соединетите Американски Држави гласањето започна среде ноќ по српско време. За гласање се пријавени 5.750 државјани, кои избирачкото право можат да го остварат на само четири места: Вашингтон, Њујорк, Чикаго и Лос Анџелес. Особено голем интерес е забележан во Лос Анџелес (Санта Моника), каде стотици луѓе чекаат со часови.

Супер Попуст -25%

Дел од гласачите поминале огромни растојанија за да гласаат. Во Вашингтон биле забележани граѓани кои допатувале дури од Мајами, преминувајќи повеќе од 1.600 километри, додека во Калифорнија пристигнувале гласачи од Тексас и Аризона.

Над 100.000 пријавени гласачи во странство

Слична е сликата и во европските метрополи. Во Париз гласачите масовно чекаа под чадори поради лошите временски услови, а голем одзив е регистриран и во Љубљана каде редиците се протегаа долж улиците. За гласање во странство се регистрирани вкупно 102.147 избирачи, распоредени на 93 избирачки места ширум светот.

„Најголем број пријавени гласачи има во Германија – 20.107, и во Босна и Херцеговина – 19.800. По нив следуваат Австрија, САД, Италија и Швајцарија. Гласањето во дијаспората се одвива паралелно со изборите во Србија“, посочуваат надлежните органи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Речиси 1.000 приведени на масовните протести во Франција: Судири со полицијата и ограбени златарници во Марсеј