
Супербоул 2026 експлодираше со гледаност и влезе во историјата како втор најгледан ТВ пренос во САД, со просек од 124,9 милиони гледачи.
Натпреварот меѓу Сиетл Сихокс и Њу Ингланд Патриотс заврши 29:13, а вниманието не попушти ни за секунда. Врвот на гледаноста се случил во втората четвртина, кога во еден момент телевизорите ги следеле дури 137,8 милиони луѓе, бројка што се претставува како најголема „минутна публика“ во историјата на американската телевизија. Преносот бил достапен на NBC, Peacock, Telemundo, NBC Sports Digital и NFL+, а според наведените податоци бил надминат само од минатогодишниот Супербоул.
Телемундо руши рекорд, полувремето станува посебен спектакл
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
За NBCUniversal, во година кога се одбележува 100-годишнината на NBC во 2026, ова се опишува како најгледана програма во историјата на компанијата. На шпански јазик, Telemundo поставил нов рекорд со просек од 3,3 милиони гледачи, а за време на полувремето достигнал врв од 4,8 милиони. Самото шоу на полувремето, според наведените бројки, во просек имало 128,2 милиони гледачи во САД, што го претвори тој дел од вечерта во настан што живее независно од резултатот.
Бед Бани ја запали планетата, бројките на социјалните мрежи станаа нова арена
Настапот на Бед Бани, спонзориран од Apple Music, предизвикал огромен бран на социјалните медиуми, со вкупна конзумација од 4 милијарди прегледи во првите 24 часа, што се опишува како раст од 137% во однос на лани. Над 55% од прегледите дошле од меѓународни пазари, а трите најгледани објави во историјата на социјалните канали на NFL се клипови од полувремето, со 179 милиони и 168 милиони прегледи на Инстаграм, додека едно видео на TikTok стигнало до 100 милиони прегледи. По настапот, музиката на Бед Бани на Apple Music наводно пораснала 7 пати, а албумот DeBÍ TiRAR MáS FOToS влегол на топ-листи во 155 земји, со прво место во 46, додека на глобалната Daily Top 100 се појавиле 24 негови песни, од кои 9 биле меѓу првите 25 и 6 во првите 10


