
Трагично загинатиот пејач на групата „ДНК“, Андреј Ѓоргиески, утре ќе биде погребан. Погребот ќе се одржи на 20 март на градските гробишта во Бутел.
Информацијата ја сподели сопругата на Андреј, Наталија.
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден

Ковчегот ќе биде изложен во капелата во „Бутел“ во 10 часот.
Утре ќе биде погребана и Сара Пројковска, членка на бендот „ДНК“.
„Погребот на нашата драга и сакана Сара Пројковска ќе биде утре, 20.3.2025, четврток, на гробиштата во Лисиче. Телото ќе биде изложено во црквата Св. Петар и Павле во Лисиче од 12 часот“, објавија од Факултетот за музичка уметност – Скопје на социјалните мрежи.
Групата настапуваше во дискотеката во Кочани. Ноќта помеѓу 15 и 16 март избувна пожар. Загинаа 59 лица, а 155 се повредени.


