во , ,

Таткото ја преуредил детската соба, а реакцијата на неговиот син воодушевила речиси 5 милиони луѓе

Без разлика на вашите години, вашата спална соба е ваше сопствено мало прибежиште. Затоа не чуди тоа што сакате сами да носите одлуки за тоа како таа ќе изгледа.

Но, еден татко не размислувал така, па одлучил на синот да му приреди вистинско изненадување. Ја преуредил неговата соба, а се погрижил и за тоа со скриена камера да ја сними реакцијата на детето.

Сепак, наместо воодушевување, го дочекал студен туш, а снимката ја објавил на ТикТок.

@eric.lynner

#johndeere #newpaintjob #fyp #parentingfail

♬ original sound – Eric Lynner

“Кога ќе го изненадите синот со нови бои во неговата соба…Неговата реакција не беше каква што очекувавме”, напишал овој татко во описот на видеото кое досега собрало речиси 5 милиони прегледи и станало вирално.

Откако детето влегува во својата новоуредена соба, видно нервозен ја фрла играчката на креветот и на раб на солзи му вели на својот татко: “Си ја боел собава без мене…”

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како од бајка: Кафуле во Белград освојува со празничните декорации

Последен пат била на фризер пред 15 години: Сега има коса која е подолга од неа, а на улица…