во ,

ТАЈНАТА НА ТРЕТАТА ПИРАМИДА: Радарот откри две скриени простории – дали е ова вториот влез?

Две скриени аномалии исполнети со воздух се откриени во третата по големина пирамида во Гиза, Микериновата пирамида, што може да доведе до откривање на таен влез.

Откритието го направил тим истражувачи од Техничкиот универзитет во Минхен и Универзитетот во Каиро, како дел од истражувачкиот проект „ScanPyramids“. Аномалиите се откриени со помош на радар, ултразвук и ЕРТ (томографија со електрична отпорност) зад источната фасада на пирамидата.

Повеќе од само аномалија – мистеријата на полираната фасада

Структурата на гранитните блокови на источната страна на пирамидата, каде што е погребан фараонот Микерин, долго време ги збунува истражувачите. Еден дел од камењата, висок околу четири метри и широк шест метри, е исклучително полиран. Такво мазно камење инаку се наоѓа само на единствениот моментален влез во пирамидата, на северната страна. Ова го навело истражувачот Стијн ван ден Ховен уште во 2019 година да постави хипотеза за можен таен влез токму на ова место.

Што открија радарите?

Тимот ја испитал источната страна и јасно идентификувал две празнини исполнети со воздух зад мазната фасада, на длабочина од околу 1,4 метри. Ова е првпат вакви структурни аномалии да бидат потврдени на источната страна на пирамидата.

„По значајната валидација на скриениот коридор во Кеопсовата пирамида во 2023 година, ‘ScanPyramids’ повторно успеа да дојде до важно откритие во Гиза. Хипотезата за втор влез е многу веројатна, а нашите резултати нè приближуваат до нејзино потврдување“, изјави професорот Кристијан Гросе од Техничкиот универзитет во Минхен.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе од само алкохол: За првпат во вселената детектирана ОЦЕТНА КИСЕЛИНА (оцет)!

„ПЕКОЛНА“ ПЧЕЛА: Во Австралија откриен нов вид со рогови – ја крстија „Луцифер“