
Трагедијата длабоко го потресе македонското село Житинени во Општина Центар Жупа, откаде што потекнува семејството кое живеело и работело во италијанскиот град Равена. Според полициските извештаи, во моментот на несреќата во автомобилот се наоѓале пет члена, а возилото со голема брзина удрило во задниот дел од приколка на камион кој поради дефект бил запрен во лентата за принудно запирање на автопатот А1 во близина на Унец.
-
La Linea v11
699 ден
524.25 ден

Борба за животите на родителите и полициска истрага
Бабата и двете деца починале на самото место од силината на ударот. Триесет и тригодишната мајка со тешки телесни повреди била итно пренесена со медицински хеликоптер во болница, додека 39-годишниот татко бил префрлен со возило на Итната медицинска помош, додека возачот на камионот не бил во кабината и минал без повреди.
„Словенечките надлежни служби продолжуваат со интензивна истрага на терен за целосно утврдување на сите околности кои доведоа до оваа незапаметена семејна трагедија.“


