
Според последниот извештај од Центарот за управување со кризи (ЦУК), екипите на терен се борат со пет активни пожари: во општините Студеничани и Зелениково (потегот Моране – Вртекица – Рамни Габер – Палиград и Преслап), во село Копаница во Општина Сарај кон Радуша, во Општина Чашка над селото Нежилово (месноста Сватови), во село Копанце во Општина Јегуновце, како и во атарот на селото Црнилиште во Општина Прилеп. Пожарот на релација Гостивар – Македонски Брод (меѓу Трново, Битово, Заград и Страјане) е успешно ставен под контрола, додека 25 пожари се целосно изгаснати ширум државата.
Мнобројни интервенции и апел за максимална претпазливост
-
Апсана
699 ден
524.25 ден
Во изминатото деноноќие надлежните служби успешно интервенирале и изгаснале 25 пожари што зафаќале ниска вегетација, шуми, стрништа и диви депонии во регионите на Струмица, Охрид, Прилеп, Штип, Тетово, Гостивар, Делчево, Берово и други општини. ЦУК продолжува со постојан мониторинг на теренот и апелира до граѓаните на крајна внимателност поради високиот ризик од ново разгорување на пожари на отворено.
„Бројката од 31 регистриран пожар за само 24 часа ја покажува екстремната ранливост на теренот и неопходноста од целосно почитување на забраните за движење и палење оган.“


