
Разочарување од одлуката на Нобеловиот комитет
Обраќајќи им се на присутните во арената „Мекморан Плејс“ во Порт Хјурон, Трамп го повтори своето тврдење дека ставил крај на осум војни и откри дека очекувал да му биде доделено престижното признание. Тој ја критикуваше овогодинешната добитничка, адвокатката за човекови права Нави Пилај, нарекувајќи ја „жена за која никој никогаш не слушнал“.
Trump says he doesn’t want immigrants from Norway because he didn’t get the Nobel Peace Prize.
“Norway sucks. Norway has become a shithouse country.” pic.twitter.com/C1jfH7A3Qa
— Republicans against Trump (@RpsAgainstTrump) October 25, 2026
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Навреди кон Норвешка и ставот за имиграцијата
Револтот на Трамп кулминираше со директни навреди кон скандинавската држава. Тој ја окарактеризира Норвешка како „ужасна“ и „дупка од земја“, користејќи терминологија што претходно ја употребуваше за други држави. Дополнително, нагласи дека би прифатил имигранти од Данска, но не сака никого од Норвешка, ниту пак сака да има каква било работа со земјата поради одлуката за наградата.
Од друга страна, норвешката влада претходно во повеќе наврати појасни дека Нобеловиот комитет работи целосно независно и дека државата нема апсолутно никакво влијание во изборот на добитниците.
„Искрено, Норвешка е ужасна. Норвешка всушност стана ’дупка‘ од земја. А јас? Дали доделуваат две награди?“, изјави Трамп, споредувајќи ја земјата со Хаити, Сомалија и Јемен.

