во ,

Трамп и „комунистот“ Мамдани лице в лице: Историска средба во Белата куќа овој петок!

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека ќе се сретне со новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, овој петок во Белата куќа.

Средбата се одржува на барање на Мамдани, само неколку недели по изборите на кои Трамп се закани дека ќе го задржи федералното финансирање од Њујорк доколку тој победи. Мамдани (34), кој е демократски социјалист, направи едно од најголемите политички изненадувања годинава победувајќи го Ендру Куомо, и ќе го замени Ерик Адамс како градоначалник.

Трамп: „Комунистичкиот градоначалник побара средба“

Супер Попуст -25%

Иако го поддржуваше Куомо, Трамп се согласи на средбата, но во свој стил го коментираше тоа на „Truth Social“. „Комунистичкиот градоначалник на Њујорк, Зохран ‘Кваме’ Мамдани, побара средба. Се договоривме овој состанок да се одржи во Овалната соба во петок, 21 ноември“, напиша Трамп, повторно користејќи погрешни етикети за Мамдани.

Што ќе бара Мамдани од Трамп?

Тимот на Мамдани изјави дека ќе се разговара за јавната безбедност и економската сигурност. Самиот Мамдани во интервју појасни дека сака „искрен разговор“ за тоа како њујорчани се борат со трошоците за живот. „Многу жители на Њујорк гласаа за Трамп токму поради трошоците за живот… проблеми со грижата за деца, киријата, па дури и влегувањето во автобус“, заклучи тој.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 20 НОЕМВРИ: Ракот ги решава одложените обврски, Скорпијата ужива во времето поминато со пријателите

„Фала му на Бога, добар сум“: Путин призна дека преноќил во болница, шпекулациите зоврија